Како да се спасите од комарците со користење на билки
Нема поздодевна работа од комарци во летниот период. Посебно ако сте на одмор покрај вода, на место каде има рој комарци. Вие можете да се заштитите додека сте во апартманот, но во некој момент од вечерта ќе сакате да прошетате и да седите покрај морено, на плажа, а апаратчето против комарци нема функција надвор од домот.
Ве напаѓаат, немате мир, не можете да уживате во вечерта.
Проценката е дека од 10 до 20 проценти од луѓето привлекуваат комарци. Според последното тврдење на научниците, причината за тоа се бактериите на кожата кои произведуваат различни хемикалии. Некои од нив ги привлекуваат комарците, а други ги одбиваат.
Исто така е познато дека комарците во лето сакаат потемни бои и луѓе кои се физичко активни, заради топлината на телото и движењето кое се изразува преку потење. Затоа треба да се носи посветла боја на облека, во пастелни бои, да се туширате рано наутро или доцна навечер, кога комарците стануваат поактивни.
Посебно привлечни за комарците се луѓето со крвна група О, а на средината на спектарот на интерес се луѓето до крвни групи А и Б.
Од природните состојки, ако сакате да ги одбиете овие досадни инсекти, тогаш користете етерично масло од цитронела од кое може да се направи и спеј и да се употреби на облека, постелнина и во просторот. Убаво би било да се стави во мирисна лампа или во освежувач на просторот.
Комарците исто така не ги сакаат етеричните масла на лимонски еукалиптус, лимонска трева, лаванда, пачули и кедар.
Постојат многу рецепти за мешање, но ако не сакате да трошите премногу пари во тој случај одберете едно или две масла и користете ги само нив.
Содата исто така е добар избор против убоди односно паста од сода бикарбона: една лажица сода измешајте со половина лажица вода и намачкајте на местото каде што ве каснал комарецот.