Трите масла на убавата летна визија
Летото е веќе тука, а повеќето од нас сонуваат да блескаат со златни тен, здрава кожа и сјајна коса. Во следните редови ви го откриваме патот кон прекрасната летна визија, која може да биде постигната лесно со помош на само три био масла.
Арганово масло
Косата се истоштува брзо под влијание на силните сончеви зраци и солената вода. Затоа за да ја потхраните, потпирајте се на арганово масло. Тоа ја храни косата, ја обновува еластичноста и ги штити врвовите од косата. Најдобар начин е да направите длабока-хранлив терапија со маслото, како и тоа да го нанесете директно на косата, па да бидат покриени во целост влакната. Оставете го да дејствува барем 15 минути, а потоа измијте со благ шампон. Масирањето на маслото врз скалпот може да помогне уште и за олеснување на сува или нервозна кожа на главата.
Какао масло
Мазната и нежна кожа на телото е основна мисија на какао маслото, кое поседува регенеративни својства. Тоа е соодветно за заздравување на рани, елиминирање на несакани лузни, траги од акни и стрии. Тоа има антибактериски и антиинфламаторни својства и какао производот помага за отстранување на чешање и чувство на печење, црвенило и оток, како и лекување на егзема и изгореници. Прифатено е и како храна, пак, маслото делува тонирање, гостимулира производството на ендорфин “хормон на среќата”. Освен тоа какао маслото ја подобрува менталната активност и ја зголемува ефикасноста. И не на последно место – помага за изедначувањето на сончевиот тен. А што се однесува до заштита од опасните УВ зраци – во ваш прв пријател станува кокосовото масло.
Kокосово масло
Кокосово масло поседува природен заштитен фактор SPF5 и истовремено со тоа ја потхранува и регенерира веќе оштетената кожа. Со него може да се чисти и шминката, кожата на лицето, да го користите и како крем за тело или за бричење, како балсам за усни или за серум. Додадете сода бикарбона кон кокосовото масло и ќе добиете антибактериска паста за заби, а ако сакате да се заштитите од досадните инсекти, разнесете го нежно на кожата со неколку капки етерично масло од нане, рузмарин или чајно дрво.