Три совети за чиста кожа
Сите сакаме да изгледаме беспрекорно, свежо и да се радуваме на мазна и чиста кожа.
Последното е едно од најпосакуваните работи за секоја жена. Добрите вести се дека козметичката индустрија се погрижила да имаме варијанти со кои всушност ќе изгледаме онака како што сакаме.
Сè што треба да направиме е да одвоиме неколку минути за бјути ритуал.
Ви претставуваме топ 3 на работите кои треба да ги правиме ако сакаме да имаме чиста кожа.
1. Исчистете внимателно
Чистењето е златното правило, ако сакаме нашата кожа да дише и да се регенерира. За да се разбудиме со сјај, пожелно е да сме го исчистиле лицето пред да легнеме да спиеме. Отстранете ја шминката добро и задолжително користете специјално средство. Тоа ќе се грижи за сите остатоци од козметички производи и нечистотија акумулирана во текот на долгиот ден.
2. Користете ноќен крем
Не е случајно што масовно се нудат како дневни и ноќни кремови. Причината за ова е дека во текот на ноќта се случуваат чуда со кожата. Нанесувањето на ноќен крем ќе ја регенерира кожата, ќе ја обнови и ќе ја подготви за следниот ден, помагајќи ѝ да изгледа апсолутно беспрекорно.
3. Користете тоник
Откако сте ги исполниле предните два чекори ви останува само уште нешто – тоник наутро. Тој ќе ги исчисти остатоците од кремот, ќе ја разбуди вашата кожа и ќе ги отстрани сите несакани акумулирани во текот на ноќта. Подгответе ја кожата за нанесување на дневен крем и изгледајте свежо до вечерта.