4 маски за лице кои ке ја откријат вашата убавина
Црни точки, подуеност, безживотна кожа … Секоја жена се соочува со сето она што ја крие убавината и свежината. Секојдневните грижи, начинот на исхрана, секојдневните навики, се само дел од факторите кои влијаат на состојбата на нашата кожа.
Кога сакаме да постигнеме повеќе свежина и чистота е важно да се довериме и на природните производи кои можат да нè направат поубави и да ја подобрат состојбата на нашата кожа.
Откривме 4 прекрасни маски, кои можат да бидат вашата мала тајна за убавина. Направете ги еднаш или два пати неделно и повторното вратете ја убавината.
Маска со чај матча
Потребни состојки:
1 и ½ лажица матча прашина
1 лажица јогурт
2 лажички мед
Добро измешајте ги состојките. Маската треба да дејствува врз кожата 15 минути. Потоа може да исплакнете со млака вода. Благодарение на вредните својства на зелениот чај, вашата кожа ќе биде негувана во длабочина, смирена и мека.
Исто така оваа маска може да има корисен ефект на црвенило на кожата, акни , розацеа и изгореници.
Маска со овесни снегулки
Потребни производи:
2-3 лажици овесни снегулки, мелени во фино брашно
кокосово масло и мед
Количеството на течните состојки зависи од вашата желба. Важно е да се добие хомогена смеса. Нанесете ја маската на исчистена кожа со лесни масажни движења, потоа оставете ја за 10-15 минути. По неа кожа ќе биде мека, негувана, ексфолирана, што ќе го намали и ризикот од формирање на црни точки.
Маска со какао
Потребни состојки:
2 лажици природно какао
2 лажици ситно мелено кафе
кокосово масло
Сите состојки се мешаат, а количината на маслото треба да е колку да се добие хомогена смеса. Исчистете ја кожата однапред и нанесете ја маската со лесни масажни движења.
Може да поставите од неа и под очите, но без да масирате, бидејќи таму кожата е многу нежна. По 10-15 минути исплакнете со млака вода. Оваа маска ја затегнува кожата, го освежува тенот, ги затвора порите и ја намалува отеченоста.
Маска со тиква
2 лажици пире од тиква
1 лажица кафеав шеќер
вода колку да се поврзат состојките
1 капсула витамин Е
Добро промешајте ја маската и нанесете ја врз исчистена кожа со лесни масажни движења. По 15 минути исплакнете. Маската е погодна за чувствителни кожи, бидејќи делува смирувачки, како и за кожа со акни. Го намалува лачењето на себум и ги стеснува порите.