Тренд костимите за капење повеке откриваат отколку што покриваат!
Објавено на 18 декември, 2017 во 09:50
Костимите за капење со години се намалуваат и покриваат се помалку, но овој што се препорачува за 2018 година, ги надминува сите граници.
Манекенката Си Џеј Бланко направи жежок сет фотографии потполно гола, а интимните места ги покри со фолија која во овој случај служи како костим за капење.
Уште една убавица позираше со неа, на која фолијата беше залепена така што формираше едноделен костим, но подеднакво беше привлечна.
Ако заживее овој тренд сосема сигурно ќе биде резервиран за дамите кои не се срамат и кои умеат да се носат со ризикот што ќе се случи во вода?