Паметен нокт!
Се чини дека нема крај за бизарните идеи, а за тоа најдобро сведочи најновиот изум – паметен нокт!
Британскиот оператор „О2“ моментално работи на проектот Mobile Nails, вештачки нокти преку кои ќе може да се телефонира. „О2“ на овој „футуристички“ проект работи заедно со доктор Јан Пирсон кој што работи на многу проекти за поврзување на човековото тело и технологијата.
Самиот уред е прилично едноставен. Доаѓа во обликт на вештачки нокт кој се поврзува со посебен прстен во кој има вграден чип и кој работи на принципот на Bluetooth слушалките.
Минијатурниот чип ќе биде поврзан со паметниот телефон, а корисникот ќе може во секој момент да разговара без користење на самиот уред, ќе може да повикува контакти или да пушта музика со клик на само едно копче.
Покрај тоа, овој производ нема да биде само корисен, туку ќе биде и естетски убав. Mobile Nails доаѓа во неколку дизајни со разни опции и ќе може да се постави на било кој прст, односно нокт.
„Отсекогаш сме сакале да развиваме мобилна технологија и да ја споиме модата и технологијата, а тоа е голем предизвик. Луѓето ги украсуваат своите паметни телефони веќе со години, а ова ќе биде чекор напред кон начинот на украсување на нашето тело со технологијата“, порачаа од компанијата „О2“.