Како парфемот подолго да мириса
Многу луѓе мислат дека колку повеќе го користат парфемот, толку подолго ќе остане мирисот. Но, ова е комплетна заблуда.
Добрата вест е дека постојат начини на кои аромата на парфемот може да продолжи да мириса подолго. Специјалисти за убавина споделуваат неколку лесни трикови.
1. Не чувајте парфеми во влажни простории. Избегнувајте чување на вашиот парфем во бањата или во темни места дома ако сакате вашиот мирис да трае подолго.
Влагата и топлината можат да го “сменат” мирисот. Најдоброто место за чување парфеми е на суво и ладно.
2. Нанесете крем. Мирисот трае пократко време на сува кожа, па затоа е препорачливо да нанесете крем пред парфемот.
3. Не ги тријте зглобовите откако ќе го нанесете мирисот. Оваа навика е лоша идеја кога станува збор за долготраен ефект на парфемот, бидејќи мирисот исчезнува побрзо.
4. Прскајте на топлите области на телото. Нанесете парфем на места како што се зглобовите, внатрешноста на лактите, зад ушите и вратот. Така мирисот ќе се распространи низ целото тело.
5. Квалитетот на парфемот е исто така важен. Нема компромис за квалитетот на парфемот. Изберете парфеми со повисок процент на есенцијални масла и повеќе концентрирана формула.