Нега на испукани табани со маска од овес
Маската за нозе со овес е одличен начин да направите мелез за напукнатите табани, кој ќе ја отстрани мртвата кожа и ќе ги направи нозете меки. Овесните снегулки во комбинација со мед и маслиново масло имаат смирувачки ефект, ја хидрираат кожата и помагаат за отстранување на досадните суви пукнатини.
Што ви треба?
1 голем сад
1 голема лажица
2 чаши овес
1 чаша брашно
½ чаша маслиново масло
½ чаша мед
Начин на приготвување:
Преливајте ги двете чаши овес во садот. Додајте го брашното, медот и маслиновото масло. Добро промешајте. По желба може да се додадат и смирувачки етерични масла. Со помош на големата лажица добро промешајте ги сите состојки.
Треба да се добие густа и леплива смеса која ќе ја нанесете врз кожата на нозете со претпазливост кон петите и палците. Не треба да се формираат грутки и натрупување на состојки. Ако тоа се случи додадете уште малку маслиново масло или етерично масло.
Откако сте ја подготвиле смесата намачкајте ги нозете темелно со кружни движења. Масирајте околу 15 минути. Потоа оставете ја маската да делува уште 15 минути.
Исплакнете со млака вода и исушете ги.