Кои бои на коса ќе ја одбележат 2021 година?
Објавено: 5 јануари, 2021, во 11:01 часот
5.01.2021
Во новата 2021 година како интересни трендови за боење на косата ќе се истакнат бакарната нијанса, одржаната црна боја и впечатливите прамени.

Бакарна нијанса
Серијата Queen’s Gambit донесе нов тренд и кога станува збор за косата. Сите се вљубија во нијансата на коса на главната актерка.
Фризерите велат дека бојата на бакарот ќе биде омилена во текот на 2021 година и дека ќе ја гледаме насекаде.
Оваа боја е особено добра за луѓето кои имаат светлосен тен.

Одржаната црна боја
Црната коса е повторно актуелна. Изгледа измерено, елегантно и добро се вклопува со сите типови на кожа.

Впечатливи прамени
Модните трендови од 90-тите се вратија на голема врата, а исто така и кога станува збор за стилизирање на косата.
Се повеќе жени одлучуваат да ги фарбаат само прамените околу лицето, додека остатокот од косата е во потемна нијанса.
Фризерите велат дека овој тренд ќе го достигне својот врв во текот на 2021 година.
