Rodarte колекција за пролет/лето 2015

Објавено на 22 септември, 2014 во 08:48

Дизајнерскиот двоец кои се кријат позади името Rodarte за пролет/лето ја претставија колекцијата инспирирана со морски сирени.

Сестрите Mulleavy на Неделата на модата во Њу Јорк претставија уште една колекција со модели кои ласкаат на женската суета. Ревијата започна со модели во блузи со набори,комбинирани со тесни фармерки и ремени во стилот на пирати. Видовме и прекрасни модели на здолништа со рачно отсликана чипка,мрежа,тул на кои е нагласена морската инспирација а асиметричните рабови кои паѓаат низ телата на моделите оставаат впечаток на морска трева. Нежните еленти сјаеја како бисери во море додека на јаките имаа форми како морски ежови.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.