Што ни кажуваат ноктите?
Ноктите се дел од нашата кожа кои не содржат крв, а составени се од протеин наречен кератин. Кога нагло ќе ја променат бојата или станат исклучително суви и кршливи, тоа треба да го сватиме како предупредување за некој здравствен проблем.
Нормалната боја на ноктите е светлорозева, иако кај некои луѓе може да биде и потемна. се додека таа боја не почне да преминува во бела, жолта, темноплава и зеленкаста нема простор за грижа, велат лекарите. Во спротивно, се советува за задолжителен преглед.
– Пред се, преку ноктите, како и преку косата, може да се утврди недостатокот на витамин Д. Во овој случај тие имаат бели линии или стануваат изразито суви и испукани. Белите точки исто така укажуваат на недостаток на железо или цинк. Во комбинација со жолта боја може да значи знак за некаква инфекција.
– Плавите нокти покажуваат недостаток на кислород, срцева или или инфекција на плуќата.
Бојата не е единствениот симптом за болест. Заноктиците често се знак за некој имунолошки проблем или заболување како лупус или ревматичен артритис. Озбилни заболувања на нокти се често проследени и со други симптоми.
Што е потребно да внесувате за здрави нокти
– доволно протеини преку житарки, мешунки, ореви, семенки и овес
– Витамини преку овошје и зеленчук
-минерали преку брокула, риба и лук
– пијте многу вода
Промена на боја
Бели нокти – недостаток на железо или цинк
Жолти нокти – габични инфекции, дијабетес, псоријаза и заболување на плуќата
Плави нокти – недостаток на кислород, срцева инфекција
Кршиви нокти – недостаток на витамин Д
Суви нокти – недостаток на витамин B12