Кокосова вода за здраво тело!
Делува како природен антиоксиданс, го подобрува варењето и метаболизмот, ја балансира pH вредноста, помага и во борбата против несоница.
Во потрага по совршен пијалок кој е нискокалоричен и здрав, но исто така богат со вкус и мирис, Американците ја откриле кокосовата вода. Не станува збор за кокосово млеко туку за бистра течност од зелен кокос.
Американските експерти сметаат дека кокосовата вода е многу вкусна и нема калории. Се пие ладна, а по природа е изотонична, полна со витамини и минерали.
Познатата пејачка Madonna била многу возбудена од водата со што на еден од производителите му испратила пари како донација за поддршка на понатамошната работа.
И додека американските ѕвезди веќе подолго време пијат кокосова вода како спорстки пијалок, овој тренд полека започнува да шири кон Европа. Сѐ повеќе се појавуваат дистрибутери, а пијалокот може да се купи од подобрите продавници за здрава храна.
Прозиводителите, покрај класичната кокосова вода направиле и вода која има вкус на популарните ананас и брусница.
