Добриот тајминг на билошкиот часовник е тајна за нашиот успех!
Тајната на успехот во сите сфери на животот лежи во добар тајминг.
Биолошкиот часовник има точно одредено време кое е оптимално за различни животни активности.
7 часот
– Најдобро време за мерење на телесната тежина и земање лекови за регулација на крвниот притисок
8 часот
– Вистинско време за секс, особено ако сакате да забремените. Ова време сперматозоидите се најактивни. Потоа ќе отидете на работа насмеани и полни со енергија.
10 часот
– Ако е можно, закажете операција за ова време. Попладневните операции се ризични, затоа што хирурзите и медицинскиот персонал се изморени.
14 часот
– Напијте се кафе, бидејќи во ова време метаболизмот се забавува и нивотот на енергија се намалува. Дури и ако најмногу сакате утринско кафе, имајте на ум дека од попладневното кафе ќе имате повеќе корист.
16 часот
– Ова време е совршено за вежбање. Вистински избор за ова време е трчање во природа.
