Заштитете се од грипот!
– Кога сте болни бидете на дистанца од другите за да ги заштитите.
– Избегнувајте метежи и масовни собири. Избегнувајте долготрајни задржувања на јавни места, повеќечасовно чекање во редови, чекални, присуствување на масовни конгреси, собири, фестивали, концерти и сл. Доколку можете избегнувајте да се возите во градски автобуси, но и за оние кои патуваат со меѓуградски и со меѓународни линии. Во авионите луѓето се посебно изложени на вируси на грип бидејќи нема дотек на свеж воздух.
– Покријте ги носот и устата со марамче при кашлање и кивање. Марамчето е неопходно да го фрлите веднаш после употреба. Поради тоа се советуваат хартиени марамчиња, а не класични платнени. Доколку немате марамче покријте ги устата и носот со надлактица, а ако кивнете во дланката веднаш измијте ги рацете.
– Избегнувајте го допирањето на очите, носот и устата затоа што микроорганизмите често се пренесуваат кога лицето допира нешто контаминирано (нечисто) со микроорганизми (гелендер на скалите, шипки во градски автобуси, држачи на подвижните скали и сл.), а потоа ги допира очите, носот, устата.
– Чистете ги цврстите површини (кваките на вратите) често и со вообичаени средства за чистење.
– Да се врши задолжително проветрување на просториите каде престојуваат учениците/децата, за време на одморите (повеќе пати во текот на денот).
– Да не се примаат ученици/деца со симптоми на инфекција на респираторни патишта.
Лекарите додаваат редовно да се јаде овошје и зеленчук, да се пијат витамини и минерали, како и да се консумираат повеќе топли супи, а хронично болните редовно да ја пијат пропишаната лекарска терапија.
