Како да ги одржиме коските здрави и цврсти?
Објавено на 29 јануари, 2013 во 13:09
После 30-та година здравјето на коските се нарушува, а како старееме се повеќе се зголемува ризикот од заболување на остеопороза.
За да ги зачувате коските, следете ги овие упатства:
– Во храната додадете повеќе калциум. Тоа ќе ве поттикне да јадете многу млечни производи, свеж зеленчук, овошје и житарици.
– Престанете да пушите
– Движете се повеќе или рекреирајте се со некој спорт
– Внимавајте да не ослабнете многу. Ако индексот на телесна маса е под нормалните вредности, мора да размислите за правилна исхрана и грижа на коските, бидјќи постојат неколку фактори како недостаток на масти кои негативно влијаат на здравјето на коските.
