Зошто е добро да се биде стар?

Објавено: 2 февруари, 2013, во 11:05 часот

Се плашите ли од староста?

Многумина ќе речат не, но сепак никој не е рамнодушен кон стареењето. Често слушаме негативни коментари за процесот на стареење. Освен што веројатно ќе живееме со разновидни болести и некоја минимална пензија, не е се така црно како што изгледа. Популарното научно списание PLOS One објави напис од американски психолози посветен на предностите на староста во однос на младоста.

 

Зошто е добро да се биде стар?

1. Психолозите укажуваат на тоа дека постарите луѓе многу повеќе ценат и уживаат во друштевните активности отколку младите луѓе. Исто така, старите луѓе полесно поднесуваат неуспех. Човек во години има стекнато искуство и лесно ги доживува разни животни ситуации.

2. Старите луѓе се посигурни и комплексите од младоста ги оставаат зад себе. Како мине времето човекот почнува да се прифаќа онаков каков што е и престанува да мисли на својот изглед, на тоа што му недостига, како и на потребата за самодокажување.

3. Стaрите луѓе се многу помудри од младите и имаат многу повеќе шанси да најдат излез од некоја проблематична ситуација, и сето тоа врз основа на неговото богато животно искуство.

 

ЗАКЛУЧОКОТ се наметнува сам по себе – секоја возраст има свои предности и недостатоци. Ваш е изборот како ќе се справите со нив.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.