Појадок во детството го зголемува нивото на интелегенција!

Објавено на 7 февруари, 2013 во 10:00

Стилот на животот и прехранбените навики се формираат во детството, па затоа обрнете внимание на своите деца.

Појадокот одамна се прогласува за еден од најважните оброци во денот, а според истраќување спроведено на Универзитетот Пенсилванија, ако од мали стекнеме навика за појадување, ќе имаме поголем коефициент на интелегенција.

По истражувањето спроведено на 1269 деца во Кина во кое се сметало дека појадокот влијае на нивниот развој, заклучено е дека децата кои го прескокнуваат појадокот имаат низок IQ за 4.6 бодови, додека вештината за комуникација им е помала за 5.58 бодови. Заедно вкупен успех имале 2.5 полош од децата кои секојдневно појадуваат.

Во детството се стекнуваат прехранбените навики за цел живот и се формира стил на животот, така што она што ќе стекнеме во тој временски период има долготрајно влијание на нашето здравје.

Комуникациските способности исклучително брзо се развиваат кај шест годишните деца, па всушност и затоа во тој временски период појадокот е клучен оброк бидејќи служи како гориво за мозокот, затоа што во текот на ноќта не се внесува ништо во организмот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.