Вистински извор на антиоксиданси!
Објавено: 8 февруари, 2013, во 11:16 часот
Ѓумбир, анасон и каранфилче се одлични додатоци за десерти и сосови, а црвената лута пиперка допринесува уникатен вкус.
Зачините не само што се како “шлаг на тортата”, туку се вистински извор на антиоксиданси.
Затоа бидете храбри, експериментирајте и комбинирајте ги зачините по ваша мерка.
Риба
Морските плодови и рибата најчесто се комбинираат со црвена пиперка или кари.
Свинско
Свинското месо ќе има одличен вкус доколку го подготвите со цимет, рузмарин, чили или кари. Повеќето од овие зачини се согласуваат и со говедското.
Пилешко
Вкусот на пилешкото или мисиркино месо ќе го усовршат кари, чили, шафран или рузмарин.
Сосови
Пиперката е неопходна за подготовка на најразновидни сосови и месо. Црвената лута пиперка на јадењето му дава топлина и острина во вкусот. Најчесто се додава во сосевите за скара, но како додаток може да биде и прелив од домати и сирење, како и печени јадења со јајца.
Од солено до слатко
Циметот се става во кафе, варено вино, колачи, слатки и лев, но и во месо, тестетнини, зеленчук па дури и во овошни салати.
