Ова се производи кои ги штитат крвните садови, а кои ни се при рака!

Објавено на 17 јули, 2013 во 07:44

Научниците откриле дека рутинот,кој во најголема мера можете да го најдете во јаболката,кромидот и зелениот чај го спречува мозочниот и срцевиот удар а резултатите се објавени во списанието Journal of Clinical Investigation.

Харвардскиот тим ја тестирал способноста на 500 различни состојки кои се наоѓаат во јаболката,кромидот и зелениот чај,вклучувајќи го и рутинот. Откриле дека рутинот е најделотворен. Брзо делува на згрутчувањата кои се создаваат во артериите и вените,овозможувајќи нормален проток на крвта,без кој лесно би можело да дојде до мозочен или срцев удар.

Водачот на истражувањето професор Robert Flaumenhaft изјавил дека рутинот се покажал како најголем делувач за спречување но и разградување на крвните згрутчувања. То додал дека ова е сигурен и достапен лек кој би можел да спаси илјадници животи.

Крвните згрутчувања односно тромбозата се јавуваат во артериите и вените и ги ограничуваат протокот на крвта. Ако се создаде згрутчување кај една од главните артерии оние кои водат до срцето и мозокот може да дојде до срцев или мозочен удар.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.