Зошто да пиеме чај од липа?
Во овие ладни денови, ви препорачуваме да се напиете топол чај од липа. Липата е лек за многу болести. Таа е природен лек за смирување и опуштање, ги зајакнува одбранбените сили на организмот, има корисен ефект врз кардиоваскуларниот систем, а се користи и при зголемена температура.
Липа се препорачува за проблеми со црниот дроб, и тоа не цветот, туку внатрешниот дел на кората, бидејќи го стимулира лачењето и протокот на жолчка низ црниот дроб, па така ја чисти и обновува на природен начин.
Докажани лековити својства на чајот од липа : Го намалува крвниот притисок,Многу добар е за ублажување на болка при мокрењето,Го стимулира потењето и мокрењето,Лечи од анемија,Ја чисти крвта и бубрезите,Чајот е многу добар за настинки, грип и респираторни заболувања,Против грчеви,за опуштање (ги опушта напнатите нерви и овозможува добар сон),Лечење на епилепсија, Го спречува воспалението на белите дробови и душникот,Лекување на камења во бубрезите,Отстранува брчки и флеки од кожата на лицето,Го спречува губењето на коса,изгореници и рани е добро да се исплакнат и обложуваат со чај,Ја подобрува столицата и многу други добри својства на овој пијалок.
Подготовка: 2 лажички цветови од липа се преливаат со 2 децилитри зовриена вода. Се остава да отстои 15 минути со повремено мешање. Потоа се процедува и се пие. По избор може да се заслади со мед и со лимонов сок.
