Кое е идеалното време за пиење на првото утринско кафе ?

Објавено на 9 декември, 2020 во 10:35

coffee1

09.12.2020

Многумина од нас најпрво што прават кога ќе се разбудат е посегнувањето кон подготовка и пиење на првото утринско кафе. Но, се повеќе се докажува дека оваа навика треба да ја промениме.

Од едно истражување се покажало дека пиењето кафе веднаш по станувањето е малку бесмислено. Раното будење е стресно за организмот, бидејќи е придружено со ослободување на кортизол (познат уште како “хормон на стресот”). Ако веднаш се напиете кафе, ефектот на кофеинот нема да е особено силен поради високите нивоа на кортизол во крвта. Колку повеќе време поминува, толку повеќе кофеинот ќе “бара” вашето тело да се разбуди.

Затоа научниците препорачуваат кафе да се пие 2-3 часа по станувањето. Ако, да речеме, станувате во 7 наутро, идеално време за топлиот пијалок е 9:30. Тогаш нивоата на кортизол ќе се намалат.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.