Како до здрав појадок со кој телото ќе остане во одлична форма ?

Објавено на 5 март, 2021 во 07:47

healthy breakfast1

05.03.2021

Појадокот е најважен оброк во денот. Од овој оброк зависи нашето целокупно здравје, но доколку за појадок конзумираме лесна храна и телото ќе биде во одлична форма.

Освен што појадокот е важен за нашето здравје, некои правила кои ги применуваме наутро можат да се одразат и во процесот на губење килограми. Ова се дел од нив.

1. Внесете најмалку 8 грама влакна

Влакната ќе ве држат сити со часови, па нема да посегнете по грицки до ручекот. Затоа е важно појадокот да изобилува со влакна.

2. Појадувајте кога ќе се разбудите

Искористете го потенцијалот на организмот да согорува масти и јадете кога ќе станете или најдоцна еден час откако ќе се разбудите. На тој начин го поттикнувате метаболизмот и избегнувате напади на глад подоцна во денот.

3. Јадете повеќе протеини, помалку шеќер

Слатката храна можеби изгледа примамливо и идеално за прв оброк, но не е најдобар избор. Ваквата храна има повеќе калории, а дава помалку енергија. Затоа јадете намирници богати со протеини, како јајца и производи од брашно од житарки од цело зрно.

4. Водете сметка за величината на порцијата

Појадокот треба да биде доволно обилен за да ве засити, но не треба да претерувате. Во принцип не би требало да внесувате повеќе од 350 калории.

5. Никогаш не го прескокнувајте појадокот

Тоа не е добро решение ако сакате да ослабите. Квалитетниот појадок ќе ве засити, па во текот на денот ќе внесете помалку калории и нема да имате зголемен апетит, пишува Health Digest.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.