Времето денеска…
Објавено: 18 февруари, 2014, во 07:27 часот
Времето денеска ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло.
Ќе дува слаб југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе се движат од -2°C до 5°C, а дневните температури ќе достигнат до 14°C односно до 22°C.
Во Скопје ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 3°C, а дневната температура ќе достигне до 18°C.

