Времето денеска!

Објавено: 30 јануари, 2015, во 07:09 часот

Петок ќе го започнеме со претежно облачно и ветровито време.  Попладне продор на влажна воздушна маса од запад и северозапад која ќе услови поинтензивни врнежи од дожд а на планините со врнежи од снег. Оваа нестабилна маса во доцните попладневни часови ќе ги зафати и останатите делови на Македонија.

Поинтензивни врнежи се очекуваа во вечерните часови и во текот на ноќта петок спрема сабота, локално се очекува да наврнат и над 40 литри дожд. Поради обилните врнежи и силен ветер ќе биде намалена и видливоста, затоа апелираме на возачите да бидат внимателни.

Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 60 км/ч.

Утринските температури од -1°C до 7°C , а максималните температури ќе се движат од 3°C до 11°C.

https://weather4all.com.mk/

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.