Времето денеска!
Објавено: 31 јануари, 2015, во 07:24 часот
Во утринските часови врнежите ќе престануваат. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со услови за кратки сончеви периоди.
Во вечерните часови и во текот на ноќта сабота кон недела повторно се очекуваат обилни врнежи од дожд и силен ветер. Локално се очекуваат да наврнат и над 20 литри дожд на метар квадратен.
На планините над 1000 метри со врнежи од снег.
Поради обилните врнежи и силен ветер ќе биде намалена и видливоста.
Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 30 км/ч.
Минималните температури ќе се движат од 0°C до 5°C, а максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 4°C до 13°C.

