Препукувања меѓу власта и опозицијата:Кој колку и за што ги потрошил парите на народот

Објавено: 19 февруари, 2015, во 13:20 часот

Општина Велес не успеала да ги собере планираните приходи за 2014 година, ниту пак тие што ги собрала биле наменети за реалните потреби на граѓаните. Ова го покажува годишниот извештај за работењето на општината, тврдат од советничката опозиција. Според нив во општинската каса се слеале само 61 процент од планираните приходи, а само седум проценти од парите на граѓаните биле употребени за изградба на водоснабдителни системи.

„Едвај 32 проценти се искористени за уредување на рурални средини, за цела 2014 година. Реализирани се само 56 проценти од предвидените пари за урбанистичко планирање за цела година. Или за капитални проекти општината реализирала само 50 проценти од предвиденото“, рече советничката Марјанка Мишева.

Од СДСМ побараа советниците од власта и градоначалникот Чадиев да им објаснат на граѓаните каде се парите за ветените и неостварен,и како што велат, проекти.

Манипулации, замајување на јавноста, ефтини пароли и девалвирање на работата на општинската администрација. Со овие зборови градоначалникот Чадиев одговори на обвинувањата на советничката група на СДСМ. Тој вели дека граѓаните добро знаеле што е сработено бидејќи на крајот на годината добиле отчет.

„Ќе направам споредби во даночните приходи за 2014 година со 2008 која важи за најдобра на СДСМ. Таа година тие имале 71 951 000 денари ,додека ние во изминатава година имавме собрани 98 828 000 или тоа е за 25 проценти повеќе. Во нивната најдобра година 2008 ,пред избори ,потрошени се 15 милиони денари за иградба на улици и патишта ,ние лани потрошивме 22 милиони. За спорт тие имаат нешто над еден милиони ,ние 11 милиони денари“„рече Чадиев./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.