Изваден и идентификуван женскиот труп во Вардар кај Караслари
Објавено: 26 јуни, 2015, во 10:47 часот
Женскиот туп што вчера претпладне во водите на река Вардар во близина на мостот кај село Караслари го открија учесниците на Вардарската регата „Гемиџии“ е идентификуван. Препознавањето што полицијата го организираше синоќа покажа дека станува збор за седумдесет и четири годишната велешанка Александра Темелкова, пријавено лице за исчеснато.
Семејството пет дена ја бараше исчезнатата жена. Нејзините синови, вчера утро, ги замолиле учесниците во регатата да обрнат поголемо внимание додека пловат низводно по Вардар.
Така телото на жената беше забележано и пријавено во полициската станица во Велес. Непристапното место им создавало проблем на кајакарите од Велес кои доброволно се пријавиле да го извлечат телото од водата. Нивната неколкучасовна акција вроди плод.
Синоќа околу 18.30 часот на местото на извлекувањето бил извршен увид од полицијата а потоа било организирано и препознавање за семејството на жената. Потоа по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на семејството./У.Ј


