Младите на СДСМ делеа маски за заштита на кавадарчани

Објавено: 25 декември, 2015, во 14:42 часот

“Воздухот во Кавадарци со денови е екстремно загаден. Граѓаните на Кавадарци се гушат“ реагираа денеска младите од СДСМ Кавадарци. Тие им делеа на граѓаните заштитни маски со цел барем малку да се заштителе од последиците на загадениот воздух со ПМ 10 честички.

„Податоците од мерните станици покажуваат дека концентрацијата на ПМ 10 честичките во Кавадарци е висока и е 8 пати над дозволеното. СДММ на секоја автобуска постојка дели заштитни маски, за барем минимално да се заштитат граѓаните од загадениот воздух“ рече на прес конференција портпаролот на ОО на СДСМ и претседател на младите, Сашко Петров.

Тој посочи дека годишно во Македонија се случувале по 1350 смртни случаи поради болести на дишните патишта и рак, предизвикани од загадениот воздух, а власта десет години не превземала ништо.

„На последната седница на советот на општина Кавадарци во ноември, советничката група на СДСМ побара отварање расправа  за загадениот воздух. Нашата главна цел беше расправата да заврши со посочување на причините за загадувањето и превземањето конкретни мерки за решавање на проблемот. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ гласа против овој предлог со образложение дека ќе биде свикана вонредна седница. Граѓаните се гушат во загаден воздух, а седницата сеуште не е закажана“ рече Петров./A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.