Осомничен велешанец за препродажба на хероин
Објавено: 24 февруари, 2017, во 17:02 часот
Поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги , психотропни супстанции и прекурзори, СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.Д. (31) од Велес .
Осомничениот лани, на 18 ноември околу 16.10 часот , бил запрен од полициски службеници додека управувал автомобил марка „матиз“ на ул. „8-ми Септември“ во кој на совозачкото место било лицето Н.Р.
При извршениот преглед на пријавениот пронајдени биле девет најлонски пакувања со 1,37 грама хероин. Истиот изјавил дека дрогата ја купува по 400 денари и ја препродава по 500 денари, пишува во соопштението на полицијата./ У.Ј


