Денеска протести во Скопје, Битола,Прилеп, Штип и Кичево
Објавено: 28 февруари, 2017, во 09:22 часот
На иницијатива на здружението „За заедничка Македонија” денеска се најавени протести во неколку градови низ државата меѓу кои во Скопје, Битола, Прилеп, Штип и Кичево.
Организаторите на собирот велат дека целта е зачувување на унитарноста на државата.
На вчерашниот протест во Скопје беше најавено дека тие ќе се одржуваат секој ден сѐ додека не се исполнат нивните барања – политичките партии да се обврзат дека ќе го почитуваат Уставот на Република Македонија и дека нема да работат на промена на името.

