Сончево и топло денеска во Македонија

Објавено: 11 мај, 2017, во 07:20 часот

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен јужен ветер.

Доста топло се очекува да биде во јужните делови и долж Повардарието и температурата на повеќе места ќе достигне 30 степени.

Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 18 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен засилен јужен ветер.

Утринската температура ќе достигне до шест, а дневната ќе достигне до 26 степени.

До сабота времето ќе биде стабилно со умерен до засилен јужен ветер и со значителен пораст на дневната температура на воздухот.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.