Заев денеска во ОЈО со исказ за нападот врз него по упадот на граѓаните во Собранието
Објавено: 12 мај, 2017, во 09:14 часот
Во ОЈО се повикани пратениците кои беа присутни за време на насилствата што се случија на 27 април во Собранието.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, утрово е во Основното јавно обвинителство (ОЈО) да даде исказ како оштетен во крвавиот четврток во Собранието на Република Македонија, кога беше повреден во главата од насилниците што ги нападнаа пратениците и новинарите.
Во ОЈО се повикани пратениците кои беа присутни за време на насилствата што се случија на 27 април во Собранието.
Од нападнатите досега единствено исказ даде пратеникот на ДУИ Артан Груби кој кажа дека се тотална измислица дека некои пратеници биле поштедувани и не биле напаѓани а други тепани до смрт.
Потсетуваме дека во насилието најтешко повреден беше пратеникот од Алијансата на Албанците, Зијадин Села. Кривичниот суд на напаѓачите им определи по 30 дена притвор , за Кире Ѓеоргиевски и неговиот 68-годишен татко осомничени за обид за убиство на пратеникот Села, кои ноќеска се однесени во истражен затвор.
Основното јавно обвинителство завчера ја преиначи одлуката за Кире Георгиевски и неговиот татко. Наместо за учество во толпа, како што се товареа претходно, ќе одговараат за кривично дело „убиство во обид“.
„Од досега прибавените докази, Основното јавно обвинителство – Скопје оцени дека постои основано сомнение дека овие две лица, заедно со други лица, кои во овој момент се неидентификувани, го извршиле кривичното дело Убиство од чл.123 ст.1 во врска со чл. 22 и во врска со чл.19 од Кривичниот законик“, соопшти ОЈО.
СДСМ со својот прабен тим како и Хелсинчкиот комитет во своите анализи соопштија дека има повеќе дела под кои мора и треба да се третираат насилниците, извршителите организаторите и и нарачателите ,од учество во топла, обид за убиства до велепредавство и теророризам.

