Деветмината обвинети за нападот во Собранието денеска во судница
Објавено: 18 мај, 2017, во 07:59 часот
Во Основниот суд Скопје 1 денеска ќе почне судењето за деветмина обвинети за нападот од 27 април во Собранието.Обвинителството ги товари за учество во топла. Експертската јавност смета дека делото треба да се преквалификува во потешко дело.
Судењето почнува во 9.30 часот, а во 9 часот доаѓаат пред судот т.н.тврдокорни, за како што стои во нивниот повик, да ги поддржат „браќата кои застанаа во одбрана на честа и достоинството на татковината“.
Досега неколкумина пратеници од парламентарното мнозинство дадоа исказ во Основното јавно обвинителство, а вчера исказ даде и претседателот на Собранието Талат Џафери.
Во Основното јавно обвинителство повикани се и двајца пратеници од ВМРО ДПМНЕ.
Претседателот Ѓорѓе Иванов, вчера во интервју на Канал 5 се огради од својата можност да ги аболицира обвинетите за крвавиот инцидент од 27 минатиот месец, па „топката“ ја префрли кај новото парламентарно мнозинство.

