Кавадарчанец повреден на работното место додека извршувал работни задачи

Објавено: 26 август, 2020, во 12:35 часот

29104020 409127802863522 5187769840105947136 nПедесет и седум годишниот кавадарчанец Љ.Н се здобил со телесни повреди на своето работно место, потврдија од СВР Велес.

Случајот во кавадаречката полиција бил пријавен вчера во 16:30 часот.

 „Во ОВР Кавадарци e пријавено дека во  ЈЗУ ОБ Кавадарци е донесено лицето Љ.Н. (57) вработен во една кавадаречка компанија. Истиот додека ја чистел машината на која работел се лизнал по што се здобил со телесни повреди.. Запознат  е трудов инспектор“ информираа од СВР Велес.

Се работи на расчисутвање на причините за повредата./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.