Преку бесплатно правно застапување „Левица“ во заштита на отпуштените работници од конфекција „Стоби“ во Велес

Објавено: 7 септември, 2020, во 14:59 часот

LevicaBoban1

7.09.2020

Јавното Обвинителство во Велес денес ги повикало да дадат изјава дел од вкупно 250 избрканите работници од конфекција „Стоби“ АД Велес. По осум месеци од подготвените и поднесени тужби од страна на „Левица“ започната е постапка на собирање на докази, соопшти на прес конференција Бобан Кочовски член на Централен Комитет на партијата.

– „Морам да нагласам дека целата постапка се одвива екстремно бавно, поради за нас непознати причини, но тоа не е ништо ново за правосудниот систем на Република Македонија кој што и самите гледаме на кое ниво се наоѓа. Квалитетот и неподмитливоста на судиите и обвинителите, како и носењето на пресудите нема да ги коментирам, но ќе оставам самите да ги вреднувате по сопствено уверување. Искрено се надевам дека овој спор ќе заврши што поскоро, со пресуда во корист на работниците, со што ќе се каже јасно и гласно: Доста е! Доста е за кршење на работничките права!“, додаде Кочовски.

Левица очекува токму овој спор да биде пресуден момент кој што ќе покрене лавина од судски и вонсудски постапки за активно штитење и бранење на работничките права, како што рече Кочовски , со цел конечно работникот да биде работник а не роб. Според него свој удел ќе има и Левица како политичка партија која што активно ќе се залагала за спречување на идни кршења на правата на работниците преку теренска активност, трансформирање на државните органи задолжени во оваа сфера и секако преку предлагање на подобри закони од веќе постоечките./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.