Малолетен пешак туркајќи тротинет удрил во автомобил и се здобил со тешки телесни повреди

Објавено на 1 јуни, 2025 во 12:08

Сообраќајната несреќа, се случила вчера вечер, во 19:55 часот на улица „Ленинова“ во Кавадарци кога малолетниот пешак туркајќи го тротинетот удрил во патничко возило „Фолксваген тигуан“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ј.Н.(19) од Кавадарци.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Кавадарци. Известен е јавен обвинител, а увид е извршен од увидна екипа од ОВР Кавадарци откако претходно несреќата била пријавена, рече Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.