Црвен крст Велес изврши бесплатни прегледи за мерење на притисок и шеќер
Објавено: 2 ноември, 2023, во 12:02 часот
Во здружението на пензионери во Велес се одржа активност со која се извршија бесплатни прегледи за мерење на крвен притисок и ниво на шеќер во крва кај лица од трето доба.
Од велешки Црвен крст соопштија дека на бесплатните прегледи организирани во здружението се појавиле околу 60 лица.

– Освен преглед тие добија и совети за своето здравје, додадоа од Црвен крст Велес.
За време на реализацијата на активноства биле вклучени и тројца волонтери од велешки Црвен крст.

Стефани Манева



