(Видео) Размена на добри практики за развој на велосипедизам во светски метрополи, како Истанбул, со искуствата во Македонија се причина за посетата на ЗГ“Велес бајкинг“ на Турција
Објавено: 16 април, 2026, во 11:09 часот
Ја завршија успешно седумдневната посета велосипедистите на „Велес Бајкинг“ на Велосипедскиот спортски клуб „Долунај“, во Истанбул и се вратија во Велес побогати со искуства кои се однесуваат на возење велосипеди во светки познати туристички градови како што е главниот град на државата Република Турција. Огромниот географски конгломерат, каков што е Истанбул, распослан на два континенти, во стариот Европски дел, нема големи услови за користење на велосипедот како превозно средство што пак не може да се каже за новиот, на Азискиот континент, каде градот урбано се шири и развива, со предности за секојдневно, рекреативно и професионално возење велосипеди во блиското опкружување, се првите впечатоци што ги сподели Зоран Јаневски, претседател на ЗГ „Велес бајкинг“.
Во рамките на престојот, на овие македонски велосипедисти во турската престолнина заедно со нивните домаќини, први луѓе и членови на Велосипедскиот спортски клуб „Долунај“, реализирале работилници и презентации за управување со настани, застапување за велосипедизам и ангажирање на младите, теренски посети на велосипедска инфраструктура и велосипедска патека фокусирана на туризмот во Истанбул, средби со локалните власти и засегнати страни за одржлива мобилност, додаде Јаневски.

Целите на проектот од Еразмус плус програмата се зајакнати организациски капацитет и лидерските вештини на граѓанското здружение „Велес Бајкинг“, учење на велосипедската инфраструктура на Истанбул, мерки за безбедност на патиштата и стратегиите за урбана мобилност, развивање на велосипедскиот туризам во одржлива, целогодишна активност и зголемување на учеството и на лидерството на младите во велосипедските иницијативи со главна цел, поточно, изградба на долгорочна меѓународна соработка со Турција за идни проекти, додаде Јаневски. Дума.мк го прашаше и какви се предностите што ги овозможува оваа европска програма, Еразмус+ KA182-SPO, за граѓанските организации на што Јаневски одговори:
Сега кога стекнаа знаења за велосипедската инфраструктура во Истанбул кои што ќе ги пренесуваат во Македонија, посебно во град Велес. Членовите на ЗГ „Велес бајкинг“ се подготвуваат и за посетата на своите проектни партнери од Велосипедскиот спортски клуб „Долунај“ на Велес и на Македонија. Таа ќе се случи наскоро.

Нивниот партнерски проект се реализира со финансиска поддршка на Европската Комисија преку програмата Еразмус+.
Убавка Јаневска


