(фото) Модните и декоративни дизајнери ги усовршуваат вештините на проектот „Клуч за сопствен бизнис“
Учениците на обуката за моден дизајн на проектот „Клуч за сопствен бизнис“ се запознаа со перформансите на машината за шиење како клучен елемнт во изработката на модните парчиња што тие ќе треба да ги финализираат во практичната работа.
На обуката, исто така, се дефинираа сите потребни точни мерки коишто во процесот на подготовка на фустани, панталони, блузони, кошули и други видови на гардероба потребно е да бидат прецизни и точни. Обучувачката М-р Соња Пљакова работеше со секој учесник на обуката поединечно со цел да се совлада и овој предизвик на идните дизејнери.
Учесниците инаку ученици од четирите средни училишта од Велес ги прилагодуваа мерките на цртежите со нацртани модели и меѓусебно разговараа за она што го чуствуваат како предизвик.
-Мора да се совлада начинот на земање на точна и прецизна мерка којашто потоа ќе биде употребена во изработката на терковите според кои ќе треба да се кројат и шијат како пробните така и десетте финални модели што учениците ќе ги изработат за време на практична работа. Бидејќи тие се млади потребно е целосно да го совладаат процесот којшто ќе им овозможи едноставно, брзо, точно и прецизно да дојдат до посакуваната цел или да го изработат моделот, додаде Пљакова.
На обуката за декоративен дизајн учесниците работеа на решение во основа за проектирање на ентериер со конкретно зададен простор составен од кујна, остава, за помал угостителски објект. Тие прво се едуцираа како прво да се проектира професионална кујна во ресторан кои треба да содржи простор за издавање на храна и за складирање на храна како и кујна за подготовка на храна.
-Решението на просторот и секако ентериерот е многу значајно за профилот декоративен дизејнер. Иако сега постојано работиме на решенија во основа за подготовката поточно проектирањето на кујната во угостителскиот објект како домашна задача средношколците добија подготовка на дезејнерско решение во дом, стан или куќа. Цртежите на следната обука ќе ги споредуваме, ќе разговараме и ќе ги прилагодуваме со мои сугестии на просторот за коишто тие ќе бидат наменети, рече обучувачката дипл. инг. арх Цветанка Саздова.
Таа ги мотивираше средношколците да направат и истражување како да дојдат до идеа но и како идеата да ја претворат во конкретно решение на простор во којшто ќе треба да се вклопат мебел и предмети.
Двете обуки се дел од проектот „Клуч за сопствен бизнис“ на Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС коишто се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот кофинансиран е и од Општина Велес.
Стефани Манева