Две кавадарчанки пријавиле во полиција физички напади, првата од партнер и вората од син
Објавено на 3 јануари, 2024 во 10:29
Дваесет и четири годишна кавадарчанка, вчера попладне, во 15:00 часот, пријавила во ОВР Кавадарци дека во заедничката куќа била физички нападната од нејзиниот партнер Д.А.(36) од Кавадарци. За настанот бил известен јавен обвинител.
По околу четири часа во Полициска станица Каварадарци пријавен е и втор физички напад којшто се случил во семејна куќа во која синот Т.Л.(27) од Кавадарци затоа што упатувал закани кон неговата 61-годишна мајка. За настанот бил известен јавен обвинител и лицето било задржано во полициска станица.
-Се превземаат мерки за расчистување на двата случаи, соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска