Бадник, 6 јануари, неработен за граѓаните од православна вероисповед
Објавено на 4 јануари, 2024 во 12:08
Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 6 јануари 2024 година (сабота), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Бадник на граѓаните од православната вероисповед.
Дума.мк