(фото) Формирана дива депонија кај зграда К3 во Велес – ЈКП „Дервен“ со апел

Објавено на 19 јуни, 2025 во 10:39

До станбената зграда К3 на улица Белградска во Велес вчера била формирана дива депонија, резултат на несовесно однесување на граѓани кои својот габаритен отпад го оставаат на јавни површини. Екипите на Јавното комунално претпријатие „Дервен“ веднаш излегле на терен и ја отстраниле депонијата, но од претпријатието предупредуваат дека ваквите случаи сериозно го загрозуваат урбаниот амбиент и јавното здравје.

-Ги замолуваме граѓаните габаритниот отпад да не го оставаат на улиците, туку да се пријават во Сектор Комунална хигиена на телефонскиот број 075 440 216 и да закажат термин за собирање. Само со заедничка одговорност можеме да ја одржуваме чистотата во градот, порачуваат од ЈКП „Дервен“.

Претпријатието нагласува и дека во садовите за селекција од пластика треба да се одложува исклучиво пластичен отпад, а не предмети од домаќинствата. Истовремено, граѓаните се потсетуваат дека градежниот шут од изведба на работи треба да се носи на депонијата за градежен шут во населбата Тунел.

Иако локацијата е веќе исчистена, од комуналното претпријатие повикуваат на активна соработка од страна на граѓаните со цел Велес да остане чиста и уредна средина за живеење.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.