Метеопрогнозерот Поповски: Натпросечно топло време и наредната недела во февруари
Најновите нумерички модели и за следната недела покажуваат натпросечно топло време, слично на сегашното, без сне и со услови за сосема слаб локален дожд во вторник, објави „Метеоаларм“.
Додека подолго време моделите цртаа доста врнежи за следната седмица во Македонија сепак тоа нема да се случи.
-Метеоролошкиот медиум ” Метеоаларм” будно ја следи секоја новонастаната состојба на нумеричките модели и ја информираме јавноста. Секако често пати одиме и со долгорочни анализи на времето, а граѓаните тоа го бараат, и секако доколку дојде до промена ние ја ифнормираме јавноста навремено и прецизно, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Тој укажува дека најсигурни и со можност за оставрување за повеќе од 90% се пократкорочните анализи на времето.
Дума.мк