(Видео) Сплит: Папагал себе си се вика „пиле мое“ и знае над 2 илјади зборови
Сивиот африкански папагал Хуго од Сплит има повеќе од 10.000 следбеници на социјалните мрежи. Неговиот сопственик вели дека тој чека сите во куќата да заспијат, а потоа почнува да имитира ѕвонење на телефон, па ги буди.
Хуго има четири години, знае повеќе од 2.000 зборови со кои формира реченица. На гостите често им открива какви лекови му користат домаќините, од сите бара храна, особено кикиритки и потоа кажува кој и колку спие.
Тој во исто време е и хулиган и галениче, тврдоглав и послушен. Многу е друштвен и не се плаши од никого, освен од едно еднооко плишено зајаче, кое, наместо некогашните милиња, лежи над телевизорот. Всушност, овој зајак е единствената гаранција дека телевизорот ќе остане неоштетен.
„Мојот пријател го доби, но не можеше да го чува во тој период, па јас го купив од него. Тогаш имаше девет месеци. Хуго најмногу се дружи со мајка ми Мара. Таа му е се’, тој се угледува на неа, ја „гњави“ и постојано го имитира нејзиниот глас и ги повторува нејзините реченици. Секогаш знае кога таа зборува на телефон, кога оди да пие кафе кај соседите или во продавница. Знае и кога ја боли главата, тогаш станува потивок но и понатаму шепоти дека ‘Мара ја боли главата‘“, кажува неговиот сопственик Андрија Гудељ, професионален војник кој решил зборливите епизоди на својот папагал да ги објавува на Јутјуб.
{vembed Y=XmOaQb2aN70}