Сончево и топло, попладне можен пороен дожд
Објавено: 10 септември, 2026, во 09:18 часот
Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во попладневните часови локално ќе се развива нестабилна облачност, која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Утринските температури ќе се движат од 11 до 17 Целзиусови степени, а дневните ќе достигнат од 29 до 35 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Дума.мк


