Велешки Црвен крст обучи повеќе од триесет волонтери за изработка на проекти
Триесет и седум младинци од Велес преку три обуки се обучија за изработка и документирање на мали проекти кои ќе придонесуваат за доброто на заедницата. Од Велешки Црвен крст соопштија дека овие обуки се во рамки на програмата насловена „Црвен крст во акција промоција на хумани вредности“ за 2024 година.
-Новите волонтери веќе се поделени во шест групи и во наредната недела започнуваат со изработка на шест мали проекти. Тие ќе бидат помогнати од локалниот дисеминатор Сара Јовчевска, некогаш учесник, а сега прва година одговорна за реализацијата на ПХВ Програмата во Општинската организација на Црвен крст од Велес, додаваат од велешки Црвен крст.
Изработката на проектите ќе се изведува до полеток на месец мај, во тој период тие ќе бидат испратени кај стручна комисија која ќе ги оценува.
Стефани Манева