Седумте најлуди теории на завери поврзани со кралското семејство на В. Британија
Британското кралско семејство отсекогаш беше во центарот на вниманието на светската јавност за случувањата во семејството. Сепак овие денови очите се вперени кон кралската палата заради принцот Хари и неговата сопруга Меган. Покрај официјалните и проверени вести, се појавија доста нагодувања и теории на заговор.
Ова се седумте најлуди теории на завери поврзани со кралското семејство.
1. Потекнуваат од влекачи
Поранешниот водител на ББС, Дејвид Ајк, и е познат на широката јавност како теоретичар на завери, а една од неговите најпознати теории е поврзана со кралското семејство.
Ајк тврди дека кралското семејство е припадник на илуминатите и дека својата моќ ја заслужиле бидејќи некој нивни предок се спарил со вонземјански влекачи.
Тој тврди дека оваа теорија објаснува зошто кралското семејство е опседнато со одржување на својата „чиста“ крвна линија, поврзувајќи се само со други кралски семејства.
2. Чарлс и Дајана имаат ќерка Сара
Дајана признала дека морала да посети гинеколог пред да се омажи за Чарлс, за да проверат дали може да раѓа деца. Многумина ова го сфатија на друг начин.
„Глоуб“ во 2014 објави статија во која тврди дека во текот на прегледот, докторот зел јајце клетки од Дајана за да направи надворешно оплодување. Но некој друг доктор му го украл ембрионот, неговата сопруга го носела девет месеци и потоа родила „кралско бебе“, непосредно по венчавката.
Се појавија и слики од пораснатата Сара и се споредуваа колку личи на Дајана.
3. Кралското семејство ја уби Дајана
Откако Дајана и Чарлс се разведоа и пред тој повторно да се ожени, Дајана напиша писмо во кое кажува дека се чувствува како да е во опасност и дека некој планира да и ги расипе кочниците на автомобилот за да доживее сообраќајна несреќа.
Покрај сомнежите на Дајана, доказите покажуваат дека возачот бил пијан и дека тоа е причината за несреќата.
4. Дајана имала и трета бременост
Египетскиот бизнисмен Мохабед Ал Фајед, таткото на момчето на Дајана, проширил гласини дека Дајана била бремена со неговиот син а принцот Филип не можел да го поднесе фактот дека неговиот внук ќе има египетски муслиман за очув.
Меѓутоа со аутопсијата не се пронајдени никакви докази дека Дајана била бремена.
5. Кејт Мидлтон најмила сурогат мајка
Откако Кејт ја роди принцезата Шарлот, се проширија гласини дека таа всушност никогаш не родила дете. Некои тврдеа дека стомакот не и е доволно голем колку што би требало да биде по породување и дека „не постои посебен мајчински поглед во нејзините очи“.
6. Принцот Хари не е син на Чарлс
Со години луѓето се сомневаа дали Хари е всушност син на Џејмс Хјуит, кој имал афера со принцезата Дајана. Иако некои кажуваат дека аферата не почнала пред раѓањето на Хари, драматургот Џон Конвај тврди дека Хјуит признал дека врската ја започнале 18 месеци пред да се роди принцот. Тој дури и напишал претстава за оваа приказна.
7. Меган Маркл е политичка завера
Една теорија тврди дека бракот на Меган и принцот Хари е политички осмислен за да и овозможи на Британија повторно д го превземе САД. Знаејќи дека децата на принцот ќе бидат американци и британци, можат да пораснат и да бидат и претседатели и кралеви.
„Тие ја сакаат Америка назад и вака ќе ја добијат“, се наведува во виралниот твит за кој известуваше дури и „Тајм“.