(Видео и фото) Децата со аутизам во Велес, се третирани од специјални едукатори и дефектолозите кои упатија охрабрувачки пораки
Вкупно 61 дете, на возраст од две до пет години, се опфатени во дефектолошките третмани на велешката детска градинка „Димче Мирчев“. Тоа се деца чии постапки и однесување укажуваат на можност за развој на аутизам. Од вкупниот број кај 13, според проценката на специјалните едукатири и рехабилитатори, има елементи на аутизам додека две имаат поставена дијагноза.
Искуството за оваа состојба на децата го сподели Весна Стојанова ,една од вкупно двете специјални едукаторки поточно дефектолози на општинската јавна установа детска градинка „Димче Мирчев“. Стојанова, во разговорот за Дума.мк, потенцираше дека многу значајно во откривањето на аутизмот во предучилишна возраст е децата да бидат вклучени во индивидуални третмани кои даваат резултати. Поточно вкучување во група и социјализација со другите деца. Исто така дека и не е мал бројот на деца кои може да покажуваат псеудо аутизам што најчесто е резултат на преголема изложеност на мобилни телефони, телевизори, таблети и други технички апарати со екрани па создаваат лажна слика на аутизам.
Со осум аутистични деца и уште со 23 со други попречености на училишна возраст или вкупно 31 инклузирани ученици во Велес добиваат услуга и индивидуални третмани од 20 специјални едукатори и дефектолози на ПОУ„Маца Овчарова“ – Ресурсен центар. Бројот на едукатори и дефектолози не е доволен вели директорката Мирјана Петрушевска. Децата со дијагноза аутизам потребно е да добиваат секојдневни третмани. Освен во Велес на третмани се ставени и уште седум деца со попречености од кои две се во Градско додека по едно учи во училиштата во Чашка, Богомила и Извор. Во ПОУ „Маца Овчарова“ се запиѓани вкупно 41 дете со попречености од кои пет се со аутизам.
Во општина Велес најголем број на деца со попреченост или 12 настава посетуваат во ООУ„ Васил Главинов“ , шест во ООУ„Панко Брашнаров“, три во ООУ„Кирил и Методиј“ и две учат во ООУ„Блаже Конески“.
Едукаторите и дефектолозите сметаат дека како децата така и нивните родители се соочуваат со бројни предизвици за кои треба почесто да се говори и пишува освен на 2 април, светскиот ден на аутизам.
Убавка Јаневска