Велешкиот Црвен крст донираше 180 училишни ранци на ученици од рурални средини

Објавено на 3 јуни, 2025 во 14:02

Волонтерите на велешки Црвен крст денеска ја реализираа една од највпечатливите хуманитарни акции во пресрет на крајот на учебната година. Во соработка со хумана сограѓанка од Велес, беа донирани вкупно 180 училишни ранци за ученици од неколку рурални училишта во околината.

Донацијата беше наменета за поддршка на учениците кои посетуваат настава во подрачните училишта „Лирија“ во село Бузалково и „Петар Поп Арсов“ во село Извор, како и во основното училиште „Тодор Јанев“ во Општина Чашка.

-Радоста кај децата и искрената благодарност од наставниците и родителите беа најголемата награда за нашиот труд. Овие моменти не потсетуваат колку е значајна секоја форма на поддршка за најмладите, особено во руралните средини, истакнаа од Црвениот крст – Велес.

Со оваа акција, општинската организација на Црвениот крст од Велес уште еднаш потврди дека хуманоста и солидарноста остануваат двигатели на позитивни промени во заедницата.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.