(Фото-Oбновено) Нападнатиот сточар од мечката кај Оморани едвај се спасил, дивото животно ќе го убиело
Опасен бил нападот од мечка на возрасниот сточар Ц.С (61) на планината Мукос, кај месноста „Сеча“, која што се наоѓа во атарот на село Оморани, во Општина Чашка. За среќа сточарот се здобил само со телесни повреди,на грбот и телото, и каснувања на двете нозе, од кои на едната биле во по сериозна форма. Тој едвај успеал да се спаси од мечката.
Според информации на семејството, дадени на Центар за управување со кризи, сточарот бил под многу голем стрес, и во првиот контакт со нив не можел да зборува. Подоцна им соопштил како во првиот напад од мечката бил соборен на земја. Се бранел со туркање со нозете и му помагале двете негови кучиња. Тогаш се здобил само со повреди, иако ситуацијата била сериозна, бидејќи мечката во повеќекратен напад се обидувала да го зграпчи и да го касне на стомакот. Тоа би било фатално по неговиот живот.
Потоа, по нападот, сточарот едвај се вратил назад во неговата „Колиба“, заедно со стадото крави, но таму изгубило сила, а и најверојатно заради претрпениот шок не се јавило веднаш за помош, при што поминало цело едно деноноќие.
Бидејќи не им се јавувал на телефон, членови на неговото семејство, се упатиле кон планината и „Колибата“. Потоа го пренеле до велешка Општа болница каде бил примен на Хируршко одделение. Лекарите на Ц.Б му е пружиле соодветна медицинска помош и нега.
„Неговите нозе, покрај раните од каснувањата се отечени од ударите здобиени во борбата со мечката и во одбрана да не го касне во пределот на стомакот. На едната нога има и помала скршеница. Доцна попладнево го земавме од болницата и е на домашно лекување, во домот, во село Дреновци во Општина Прилеп,“ рекоа од семејството за ЦУК .
Тие додаваат дека истата мечка го напаѓала стадото и претходно, повеќе пати во последните три години додека само во последната година имала убиено три крави и неколку телиња.
Центар за управување со кризи соопшти дека ја следи состојбата на повредениот преку комуникација со неговите блиски.
Убавка Јаневска
Фото: ЦУК